За организацијата на својата светска турнеја Бртини Спирс го задолжи таткото Џејми Спирс (58) кој за својата работа ќе биде награден со 1 милион долари. Бритни е благодарна што нејзиното семејство стои позади неа и секоја нејзина одлука.
– Семејството ми е секогаш на прво место. Благодарна сум што добро ме воспитале и што сега можам да им се оддолжам, – вели Бритни (29).
Таа е моментално на својата светска турнеја и утре ќе гостува во Загреб, во Загребска арена. Со неа во Хрватска ќе допатуваат мајка ѝ Лин (55), сестрата Џејми Лин (20), синовите Шон Престон (5) и Џејден Џејмс (4), како и вереникот Џејсон Травик (39).
Нормално во текот на целата трунеја, таткото на Спирс е постојано со неа, како би се погрижил за целата организација.
