Режисерот Вес Крејвен ги потврди шпекулациите на филмските магазини дека во план е петти филм од серијалот „Врисок“.
Крејвен, кој е режисер на претходните четири делови, вели дека и извршниот продуцент Роберт Вејнстајн е заинтересиран за продолжение на филмот „Врисок 4“ кој оваа година се покажуваше во светките кина.
„Ќе го биде. Тоа е нешто што го сака и Роб. А, тој го прави тоа што го сака“, вели Крејвен.
И братот на Роберт, Харви Вејнстајн е продуцент и вели дека брат му не се обесхрабрил од неуспехот на „Врисок 4“ и дека тоа е всушност поголема причина за да се направи уште еден филм, но овој пат многу поквалитетен.
Во главните улоги досега беа: Нев Кембел, Кортни Кокс и Дејвид Аркет.
