Celebrity

“Coldplay” ја одбраа Ријана!

На интернет се појави песната „Princess of China“ на бендот „Coldplay“, во која гостува пејачката од Барбадос.

Британскиот бенд „Coldplay“ ја објави на интернет најновата песна, дует со Ријана, која ќе се најде на нивниот нов албум „Mylo Xyloto“, а албумот во продажба ќе може да се најде од наредниот понеделник.

–   Албумот е замислен како приказна, со машки и женски главни ликови. Ријана ни беше прв и единствен избор и мислам дека песната одлично ѝ стои, – изјави Крис Мартин.

Крис вели дека Ријана има прекрасен глас, кој е потполно различен од неговиот и дека тоа е една од причините зошто имал трема да ја праша Ријана за соработка.

–   Кога ги снимаше вокалните изведби, си помислив колку ѝ е гласот поинаков од тоа на што сме навикнати да го слушаме од неа. Сепак, се работи за комплетно поинаква песна од оние што таа досега ги пееше, ова е песна напишана од еден дечко од англиската покраина Девон.

Албумот ќе биде претставен во живо на овогодинешните MTV EMA награди во недела, на 6-ти Ноември, а потоа бендот тргнува на турнеја низ Англија.

Еве ја и песната-соработка:

http://www.youtube.com/watch?v=31mGlCEz9zw

Напиши коментар