Убавина

Црно – златна шминка

Еве уште еден предлог за вашата шминка. Овој пат ќе и понудиме силна, впечатлива шминка која би била соодветна за вечерно излегување или пак некоја свеченост. Потребни ви се неколку бои на сенка, и желба да експериментирате.

Најпрво нанесете ја подлогата на очниот капак. Потоа ставете чоколадно кафена сенка на половина од капакот. Следен чекор е нанесување на црно моливче околу целото око. Потоа со четка за нанесување сенка внимателно и нежно нанесете златна сенка во прав на внатрешниот агол од окото. Сега следи истото на спротивниот агол од окото, но овој пат со црна сенка. Започнете со нанесување на црната сенка по линијата каде го нанесовте црното моливче. Потоа полека закосувајте нагоре. На крајот повторете уште еднаш со црното моливче за очи или пак нанесте туш. Завршете го шминкањето со маскара.

Write A Comment