Sweet Home

Црвена, црна и бела боја за максимално уживање во домот

Идеалната комбинација при изборот на мебел и внатрешен дизајн на домот е една од најтешките задачи што може да се замисли. Затоа многумина сакаат таа одлука да ја направат на линија на помал отпор, односно да искомбинираат нешто што веќе негде го виделе и им паднало в очи. Границата помеѓу убавото и кичот за тоа како  да се искомбинират елементите за домот, е ненадминлива тема за разговор кај дизајнерите на внатрешниот ентериер. Но сите тие се сложни во фактот дека комбинацијата на 3 најјаки бои ( црвена, црна, бела) во спектарот на бои е можеби и најидеалната комбинација при уредување на просторот.

Сите три бои си имаат свои индивидуални карактеристики. Всушност и овие 3 бои се едни од најкористените кога станува збор за уредување на домот. Нема човек кој би го оспорил овој факт. Имено со комбинација на овие бои добивате неверојатно дури и спектакуларен дизајн на вашиот дом. Доколку во домот црвената, црната или белата боја го заземат централното место тогаш бидете уверени дека никогаш нема да погрешите.

Доколку пак се искомбинират меѓусебно ефектот го достигнува максимумот.

Write A Comment