After Midnight

Да, сексот лекува…но дури после 31 – та минута?

Сите веќе многу добро знаеме за многуте здравствени придобивки од сексот. Но колку долго сексот треба да трае за да биде лековит?

На ова прашање одговориле британски биохемичари, кои го определиле идеалното времетраење на терапетскиот полов акт.

Според нивните резултати излегува дека лековитото дејство на сексот започнува после 31 – та минута. Сексот е еден од најдобрите начини за борба со т.н слободни радикали кои се синтетизираат во сите ткива на организмот и во неблагопријатен момент предизвикуваат најразлични болести. Но доброто е што можат да бидат неутрализирани од хормоните кои се лачат по време на половиот акт. Но важното кое овде треба да го запомнете е дека се лачат, но само после 31- та минута. За жал кај повеќето ваков маратон многу ретко се случува. Поради тоа советот на експертите е да имате секс поретко но затоа подолго време за да ги искористите неговите лековити својства.

Напиши коментар