Џесика Симпсон наводно го очекува своето прво дете од вереникот Ерик Џонсон. Иако за оваа вест се шпекулира веќе подолго време, се чини дека овој пат се работи за вистински факт и дека Џесика е навистина бремена.
Изворот помеѓу другото тврди и дека Џесика веќе некое време има невообичаена потреба за чудна и несекојдневна храна.
„Солен чипс, сосови и чоколаден прелив е она со што таа ја задоволува својата потреба за солено и слатко“, тврди близок извор.
Целата приказна доби на значење откако Џесика е видена во широка облека, а на прославата за роденденот на својот вереник присутните ги почестила со шампањ.
Свадбата на Ерик и Џесика е планирана за ноември, а ова е нејзин втор брак. Актерката од секогаш велеше дека има огромна желба да биде мајка, а Ерик е совршен за да биде татко на нејзините деца.
