Нашата омилена чоколада тотално го напушти списокот на штетните храни. Веста е повеќе од добра, зошто темната чоколада е докажано полезна и лековита. Специјалистите ја препорачуваат наместо кафе, чај и вино. Благопријатна и здрава за срцето, за стомакот и за кожата, ова се само дел од полезните својства на така омилената меѓу нас чоколадата.
40 гр темна чоколада е еднаква по полза како чаша црвено вино, според специјалисти од Универзитетот во Калифорнија, цитирани од Ројтерс.

Спротивно на досегашното мислење чоколадата е полезна дури и за забите. Темната чоколада која содржи повеќе какао и помалку шеќер, поседува антисептично дејство и не дозволува на бактериите да образуваат забен камен, а воедно ја забавува и појавата на кариес. Исто така помага и при варењето на храната. Ако сеуште се чудите каква диета да изберете, одговорот е – чоколадната!
