Иако многу родители не би се сложиле со тоа, сепак еден тим медицински стручњаци тврди дека за борба против срцевите заболувања, за подобрување на функциите на мозокот и подолг живот потребни се осум шолји напиток кој содржи кофеин дневно. Иако ова звучи малку претерано сепак стручњаците тврдат дека за да се почувствуваат благодатите од кофеинот задолжително треба да се консумираат најмалку осум шолји кафе или чај дневно.
Стручњакот за исхрана, доктор Carrie Ruxton вели дека истражувајќи 47 спроведени студии дошла до заклучок дека напитоците кои содржат кофеин како кафето, чајот и какаото имаат позитивно влијание врз здравјето и краткорочното помнење.
Претходните истражувања исто така укажуваа на поврзаноста меѓу влијанието на кофеинот и спречувањето на срцевите заболувања како и појавата на некои видови на карценогени болести.
Докотр Ruxton се сложува со тврдењето дека оптимален внес на кофеин е 400 милиграми дневно, клучни за редукција на срцевите заболувања. Ова го покажуваат три спроведени студии во кои биле вклучени вкупно 90.000 пациенти, а во некои истражувања дури биле вклучени и пациенти пушачи, кои внесувајќи кофеин во своето тело го намалиле ризикот од срцев удар за цели 20 проценти.
„Луѓето кои не консумираат пијалаци кои содржат кофеин го пропуштаат нивното корисно влијание“, препорачува докторката која вели дека навистина нема потреба родителите да им забрануваат на своите децата да консумираат кафе или чај. Според неа во некои случаи кафето и чајот се многу подобра опција од соковите, кои родителите постојано им ги нудат на своите деца.
„Напитоците кои содржат кофеин се демонизираат без потреба. Црниот чај на пример содржи полифеноли, кои се природни антиоксиданси и позитивно влијаат на многу биохемиски процеси во телото бидејќи ги штитат клетките од слободните радикали“, предупредува доктор Raxton.
