Дали е можно пријателство помеѓу маж и жена и при тоа да не се вплеткаат во романтични чувства? На оваа тема се направени многу истражувања во обид да се дадат објаснувања на вечното прашање. Многумина сметаат дека идејата за машко-женско пријателство е многу симпатична, но невозможна затоа што порано или покасно во оваа “пријателска” врска се вклучуваат романтичните чувства.
На жените и мажите им е исклучително тешко да го одржат платонксиот однос бидејќи кога ќе дојде по мешање на чувствата неретко се случува пријателството да се распадне – едната страна станува посесивна или љубоморна.
Е сега се јавува прашањето колку може да ја држите страста под контрола, кога добро да се забавувате, убаво да си поминувате заедно, имате многу заеднички активности… Можеби ќе успеете да ги држите страстите под контрола, но во сите познати љубовни приказни кои сме ги виделе и слушнале ретко се случува да слушнеме дека во нив немало монет кога барем кај еден од “пријателите” не почувствувал некаква искра на страст или желба за нешто повеќе од пријателство.
Друг голем проблем кај машко-женските пријателства е партнерот на “пријателите”. Многу често се случува партнерот да се буни доколку постои таков тип на пријателства. Не може да разбере зошто неговата партнерка поминува толку време со својот пријател, зошто споделува голем број на тајни кои не му ги доверува на него… Истото се однесува и за жените. И тие се љубоморни кога ќе слушнат дека нивниот партнер оди секаде со својата пријателка.
Истражувањата докажуваат дека во најголем број блиските машко-женски пријателства прераснале во врска. И тоа стабилна и хармонична врска која пред се се темели на пријателство и блиска комуникација.
