ШоуБиз

Дали ќе погодите кој е ова?:)

Само уште неколку недели и ќе се породи со третото дете.

Значи, затоа шминката и гламурот ѝ се моментално на последно место на Тори Спелинг која вчера пристигна во Лос Анџелес. Оваа 38-годишна актерка е тешко да се препознае ако ја споредиме со Тори и нејзините најблескави моменти на црвениот тепих.

Со косата во репче и без очила, со долг црн труднички фустан и ниски чевли за максимална удобност, Тори се појави на калифорниското сонце во придружба на својот сопруг.

Тори изјави дека оваа бременост ѝ е најтешка поради обврските со другите две деца, Лиам (4) и Стела (3). Најверојатно очекува момче и вели дека би било одлично кога понатаму уште би го проширувале семејството.

Write A Comment