Celebrity

Дали Мери Џеј Блајџ е ефтина ѕвезда?!

Кралицата на R&B музиката Мери Џеј Блајџ е повторно во етер со најновото видео за синглот „Mr. Wrong“. Многу критици излегоа со негативни коментари за видеото, со аргументот дека преку глава ни е од ефтини спотови кои на секое се повторуваат и не нудат ништо ново.

Сепак, Мери си е Мери, и ако не со нешто друго, барем може да се оправда со гласовните способности. Иако во првичната верзија на песната Дрејк пее заедно со Мери, најверојатно не можела да го убеди да се појави во спотот, па се изоставени деловите во кои пее раперот.

Во самото видео, главно Мери е во преден план со неонски светла во позадина и релативно сексуална кореографија. Погледнете и сами:

httpv://www.youtube.com/watch?v=_D4EFUIZbTs&ob=av2n

Write A Comment