Celebrity

Дали поради Ештон Качер опадна гледаноста на „Два и пол мажи“?!

Во Америка, гледаноста на серијата „Два и пол мажи“ драстично опаѓа во текот на последниве неколку денови. Се претпоставува дека тоа е резултат на негативниот ефект кој го предизвика веста за разводот на Ештон Качер и Деми Мур.

Кога Чарли Шин беше исфрлен од серијата „Два и пол мажи“, многу луѓе сметаа дека гледаноста ќе ѝ опадне. Се случи токму спротивното. Првата епизода во која глумеше Ештон ја изгледаа огромен број на луѓе.

Сепак, поради вестите за распаѓањето на бракот на Качер, кои во последно време вртоглаво кружат по медиумите, гледачите полека почнуваат да се одвикнуваат од следење на серијата. Бројките добиени оваа недела покажуваат дека гледаноста е намалена дури за половина.

Продуцентите на „Два и пол мажи“ изјавиле дека се работи само за моментална криза и дека гледаноста набрзо ќе се зголеми.

 

Напиши коментар