Овие информации во јавност ги пушти еден пријател на Џастин Тероукс. Пријателот- Кит Мидлбрук, инаку тврди дека за актерот никогаш, ни случајно не би помислил дека е пијаница или дека се дрогира.
Еден дамнешен пријател на дечкото од Џенифер Анистон (42), Џастин Тероукс (40), тврди дека актерот земал лекови против болка, па и бројни други дроги пред да ја започне врската со актерката.

– Ми призна дека зема екстази, кокаин и хероин. Тој беше последна личност за која би помислил дека се дрогира. Понекогаш мислев дека измислува. Ми изгледаше доста чисто и прибрано – кометира Мидлбрук.
Мидлбрук тврди дека Џастин бил и тежок алкохоличар.
– Еднаш зборувавме за жените кои ни се допаѓаат. Џастин за најубава ја одбра Анџелина Џоли – вели Кит.
Џенифер и Џастин потврдија дека се заедно од јуни. Дури се решија и на заеднички живот.
