Очигледно Марк Ентони поминува низ тежок период поради разводот со Џенифер Лопез, па малку утеха си најде во својот пријател Дејвид Бекам.
Познатиот фудбалер со својата сопруга, всушност бил на концертот на Ентони, и веднаш потоа се сликал со главната ѕвезда на вечерта. Со фотографијата веднаш се пофалил пред своите фанови на Фејсбук.

Под објавената фотографија, Бекам напишал дека тој и Викторија уживале во одличната изведба на Марк, кој неодамна го прекина 7-годишниот брак и сега утеха бара во работата каде ја троши сета своја енергија.
