Убавина

Декоративните четки се неопходни за добра шминка

Професионално нанесената шминка не е ништо комплицирано или невозможно. Бидејќи шминкањето е уметност, за целта ви се неопходни соодветни инструменти, со кои ќе си го олесните разубавувањето на лицето. Како што уметниците не можат да насликаат убава слика, без потребните четки, така и шминкерот неможе да нанесе квалитетна шминка без соодветниот сет декоративни четки.

Во оваа статија Ви предлагаме да ги разгледаме основните четки неопходни за нанесување на добра шминка.

Четка за корекција, за нанесување декоративен коректор, кремообразни или мрсни сенки.

Четка за нанесување пудра во прав, со чија помош на најдобар можен начин се аплицира пудрата без излишно количество пудра.

Мека четка за нанесување сенки, се користи за компактни и правообразни сенки, со чија помош ќе го избегнете размачкувњето при нанесување на сенка.

Аглова четка, се користи за прецизно оформување на надворешните агли од очните капаци. Се употребува и за професионално оформување на веѓите.

Тенка четка за оформување тенка и правилна линија на очите,  најчесто за кремообразни сенки.

Четка  за веѓи и трепки, од едната страна има чешелче за отстранување вишок од маскарата, а другата страна е за оформување на веѓите.

Четка за руменило

Четка за перфектно нанесување кармин, пробајте да нанесете кармин барем еднаш со четка, и никогаш повеќе нема да ви текне да го нанесувате директно со карминот. Резултатите се феноменални.

Write A Comment