Сигурно некои од познатите дами се надарени од природата со убава коса и правилна лицева структура. Но сјајната блескава кожа што ја гледаме во списанијата и на екраните? Таа си бара специфични грижи и мајсторски „трикови“ Ќе ви ги откриеме тајните на топ шминкерите кои ќе Ви бидат од полза, ако сакате да бидете перфектна од главата до петите.
Користете сјајна бронзер пудра која придава интензивен блесок на кожата и овој трик најчесто се користи при професионалните фотосесии.
Отстранете ја мртвата кожа со помош на домашно приготвен пилинг од кафејав шеќер и маслиново масло.

Однесувајте се внимателно кон кожата на градите, вратот и деколтето со ексфолијантите бидејќи таму кожата е потенка и може да се појави црвенило.
Не заборавајте ја кожата на лактите и колениците бидејќи таму кожата е погруба и ви треба нешто посилно за да ја омекнете.
Непосредно пред излегување не се препорачува да се подлагате на депилација бидејќи тоа предизвикува мали црвени точки по кожата и не изгледа добро.
Интензивна хидратација на кожата редовно ќе придонесе да имате прекрасна сјајна кожа.
Маслото за тело придава неверојатен блесок на кожата но може да биде премногу мрсно. Зато капнете неколку капки на суво сунѓерче за тело и тријте ја кожата со него за да не останат мрсни траги.
Кога нанесувате препарати за потемнување на кожата, стилистите препорачуваат да користите фен за коса додека го нанесувате за да биде бојата равномерно и убаво нанесена.
Сува масажа – користете ја четката за тело и барем 2 пати во месецот со кружни движења масирајте ја сувата кожа. Мртвите клетки се отстрануваат и се подобрува циркулацијата.
