Дестинации

DESROCHES ISLAND RESORT

Избегајте од секојдневноста и втурнете се во недопрената убавина на островот Desroches. Овој мал остров е дел од групата на 115 – те Сејшелски острови во Индискиот Океан. Долг е околу 5,5 километри, опкружен со прекрасен корален гребен и порабен со кокосови дрвја и бели песочни плажи.

На самиот брег ќе ве дочека хотелот Desroches Island Resort за кој се вели дека е мало парче од рајот со 20 апартмани на самата плажа и 28 вили со поглед кон океанот.  Дозволете да ве разгалат приватните веранди, луксузните бањи и пријатните соби за дневен престој. Но доколку сте повеќе авантуристи отколку романтични, качете се на приватните велосипеди или кајаци и истражувајте го овој мал остров. За што и да се одлучите, ќе остане незаборавно.

 

 

Write A Comment