← НАЗАД НА БОЗА

Девет забранети прашања

Девет забранети прашања
1426 Читања

Понекогаш едно забрането прашање ( особено ако се задава постојано ) може да ги разниша дури и најцврстите односи. Видете кои се топ 9 забранети и опасни прашања.

1.     Драги, дали фустанов ме прави дебела?

Ова е најлошото прашање што може да му го поставите на вашиот партнер. Запомнете, мажите сакаат самоуверени жени, а ова прашање издава неувереност. Затоа ако ви е неопходно мислење за тоа како изгледате, побарајте го од вашата мајка, сестра или пријателка, но не и од партнерот.

2.     Што мислиш во моментов?

Најчестиот одговор на ова прашање ќе биде :”Ништо и тоа е точно”. Понекогаш луѓето се склони да мислат едновремено за се и поспецијално за ништо. Честото повторување на ова прашање зборува само за тоа дека вие се дразните од неговиот отсутен поглед и сакате да ги покорите неговите мисли.

3.     Ако можеше да бакнеш една од моите пријателки, која би ја избрал?

Ова прашање е досадно, бидејќи без оглед на тоа што тој ќе каже, малку веројатно е одговорот да ве зарадува. Се разбира вие би сакале да слушнете:” Не би бакнал ни една од нив дури за 10$ милиони! “Но понекогаш мажите не сакаат да лажат…

4.     Колку деца сакаш да имаме?

Ако не сакате вашиот партнер да побегне од вас, барем во почетокот на вашата врска не го оптоварувајте со ова и опуштете се.

5.     Зошто ти е непријатно да излегуваме со твоите другари?

Мажите си имаат свои машки теми на разговор, што понекогаш е подобро да не ги знаеме.  Претставете си тој да дојде со вас и вашите пријателки и да ги слуша разно разните озборувања и трачеви.

6.     Зошто цело време ја гледаш девојкава, да не ти се допаѓа?

Ова прашање уште веднаш ја издава вашата неуверенест. А тоа не е секси. Тој е со вас, а не со неа. Затоа не покажувајте непотребна љубомора, и не правете проблем и таму кај што го нема.

7.     Со колку девојки си бил пред  мене?

Навистина ли сакате да го знаете одговорот на ова прашање? И што ќе ви даде тој одговор? А вие со колку мажи сте биле? Минатото не може да се промени или да се избрише со гума. Секој има право да си го запази минатото само за себе. Ете зошто не треба да го навраќате на пријатни или непријатни спомени, туку да се насладувате на сегашноста.

8.     Кого го сакаш повеќе, мене или мајка ти?

Реално и тие не го знаат правилниот одговор. Односите кои ве поврзуваат вас и односите што го поврзуваат со неговата мајка се коренно различни. Поради таа причина не можат ни да се споредуваат. Сега веќе знаете и никогаш не го поставувајте ова безсмислено прашање.

9.     Ме сакаш ли навистина?

Задавањето на ова прашање е исто како да сте кажале:” Јас не верувам во твојата љубов.” А вие не сакате да го кажете ова нели? Повеќето мажи не сакаат да разговараат за чувствата, тие го покажуваат тоа со дела.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk