After Midnight

Девојки, ова се најпосакуваните ергени во светот!

Ова е листа на најпосакуваните ергени во светот. Мажите кои се најдоа на оваа листа се избрани од страна на жените од целиот свет. Повеќето од нив се многу богати, не знам дали тоа е критериум за да се најдат тука, но ќе се сложам со повеќето жени дека се навистина убави:)))

Принцот Harry

Принцот Хари се најде на врвот на листата. Тој е познат по бројните скандали, пијани забави, но сепка жените сметаат дека е многу привлечен. Можеби дека е принц и капетан на воздушната армија.

 

Alexander Ovechkin

26 годишниот хокеј играч од Русија го доби второто место на оваа листа. Тој човек го направи невозможното. Потпиша 13 годишен договор со Washintgton Capitals во износ од 124 милиони долари. Можеби разочарувачки ќе звучи но Alexander изјавил дека неговата жена мора да биде русинка.

 

Justin Timberlake

Тој е текстописец, пејач, танчер, актер… Justin сака долга врска, тој неоддамна изјави дека сака да ја најде сродната душа и да го помине остатокот од животот со неа. Можеби деновиве ја најде, но сепак додека не го каже големото ДА, тој ќе биде на оваа листа.

 

Принцот Carl Philip

Нема девојка која не сака да го освои срцето на овој  маж. Ако сакате да бидете дел од шведската бајка треба да го освоите овој маж. Е, сега тој мора да се ожени со кралска крв, но…. љубовта прави чуда…:))

 

Шеикот Hamadan bin Mohammed bin Rashid Al Maktoum

Ова е 29 годишен убавец кој ќе ве плени со убавиот поглед. Незнам дали овој податок што сега ќе го прочитате има удел во тоа што тој е еден од најпосакуваните мажи. Тој е наследник на 18 билиони вреден трон. Син е на владетелот на Емиратите. И уште еден интересен податок, тој сака мирна, тивка и скромна девојка.

 

George Clooney

Згодниот актер е од секогаш на оваа листа. Не знаеме уште колку долго ќе биде. Дали наскоро ќе успее некоја жена да го скроти, или пак навистина тој до сега ја немал среќата да ја сретне.

Write A Comment