Celebrity

Доделени престижните Американски музички награди!

На овогодинешните Американски музички награди со најмногу признанија се закитија младите Тејлор Свифт и Адел.

Американската кантри пејачка Тејлор Свифт убедливо триумфираше на доделувањето на Американските награди кои се одржаа вчера рано наутро во Лос Анџелес. Таа доби признанија во три категории и тоа: изведувач на годината, најдобра кантри пејачка и најдобар кантри албум за „Speak Now“.

И Адел се закити со три награди и тоа за: најдобра поп/рок пејачка, најдобар современ изведувач и најдобар поп/рок албум за „21“. Најдобар во категоријата поп/рок пејач е Бруно Марс. Тој го победи Џастин Бибер, кој за жал овој пат остана без ниедна награда. Бибер ја изведе најновата нумера од својот божиќен албум со наслов „Under the Mistletoe“.

Исто како и лани, наградата за најдобар кантри бенд им припадна на „Lady Antebellum“, а за најдобар поп/рок бенд е прогласена групата „Марун 5“, која исто така настапи на шоуто заедно со Кристина Агилера.

Бијонсе доби признание за најдобра соул/ ритам и блуз пејачка, но не беше присутна за лично да си ја прими наградата. Во машка категорија триумфираше Ашер. Ријана, која исто така не беше присутна поради моменталната турнеја низ Европа, си доби една награда и тоа за најдобар соул/ритам и блуз албум со „Loud“.

Ники Минаж е најдобар рап изведувач и сопственик на најдобриот албум во истата категорија („Pink Friday“), а Џенифер Лопез е најдобар латино изведувач. Во својата категорија, таа ги победи Питбул и Енрике Иглесиас.

Кети Пери доби специјално признание за пет број еден хитови од еден ист албум.

 

Write A Comment