After Midnight

Долната облека ве открива

Секоја девојка сака да се чувствува убаво и пред сè пријатно во своја кожа, па токму затоа изборот на долната облека е од пресудно значење. Да бидеме реални, сите сакаме да бидеме провокативни, секси и посакувани од страна на партнерот и воопшто машкиот пол, а тоа најмногу се забележува, кога на телото остануваат тие секси парталчиња, на кој никој жив не останал рамнодушен. Велат дека она што девојката го носи под нејзината облека, може да каже многу за карактерот, желбите, а најмногу за сексуалните апетити, па затоа девојки, одберете го вашиот омилен тип на долна облека и прочитајте што тој говори за вас.

 

Класичните памучни гаќички

Ако ја преферирате класиката, посебно белата боја на долна облека, вие воопшто не сакате да ги комплицирате работите. Овој избор, е еквивалент, на гледањето на девојката како да е “без шминка”. Девојките кои ги избираат памучните гаќички се чувствуваат самоуверено, сензуално… Тие се природно задоволни од себе и своето тело, па затоа не чувствуваат потреба да го придобијат вниманието на партнерот со некои провидни, чипкасти или мрежести материјали.

 

Танга

„Дива и нескротлива“ е дефиницијата за девојките кои преферираат танга. Не ги потиснуваат своите желби и сексуални фантазии и се постојано спремни за акција. Местото во кое најдобро се поврзуваат со партнерот е креветот. Ги имате во сите бои и дезени, но белата танга ви е најомилена, бидејќи може да се носи под секој тип и боја на облека.

 

Боксерки

Вие сигурно доста време поминувате во фитнес центарот, обликувајќи го својот задник. Обожавате да ги носите овој вид гаќички често и уживате да играте во нив пред огледалото, како што прават преубавите актерки во филмовите. Холивуд синдром. Девојките кои ги преферираат, сакаат да глумат недостижни и тешки за освојување, тоа за нив е всушност целокупната предигра. Веруваат дека она што потешко се добива, е најжешко!

 

Чипка, машнички, подвезици

Уживате во својот сексапил и до максимум ги нагласувате деловите од телото, кои сакате да бидат соголени. Вие сте подарок, со кој сакате да го изненадите партнерот и едвај чекате да бидете отпакувани. Сакате емотивен партнер кој ќе се грижи за вас, но истовремено и да ги преземе работите и контролата врз вас во свои раце.

 

Напиши коментар