Првутот е хронична состојба која се карактеризира со појава на белузлави лушпи од скалпот и чешање. Првутот може да се појави и кај лицата со масна и сува кожа.
За да се спортивставите на оваа појава најчесто тргнувате кон шампоните. Но, знаете ли дека и природните состојки многу можат да помогнат?
Направете домашен лек против првутот:

Седум лажици сушена мајчина душичка
Четири лажици сушена лаванда
Три лажици сужена камилица

Сувите билки ставете ги да се варат во половина чаша вода околу десет минути. Процедете ја течноста и оставете ја нека се излади. Откако ќе ја измиете косата со шампон, на чиста коса нанесете од течноста и убаво измасирајте го коренот на косата.
