Секоја жена мечтае за нежни и деликатни раце, за мек и топол допир. Еве неколку полезни совети за тоа како од природните дарови да направите мошне ефективна домашна козметика за нега на вашите раце.
Лосион за раце – половина лимон, половина портокал, 30 мл спирт, 30 мл вода од рози, 10 мл јаболков оцет и 30 гр глицерин. Исцедете го лимонот и портокалот и измешајте ги со сите претходно набројани компоненти со миксер дедека добро не се изедначи смесата. Лосионот треба да се чува во стаклен сад што добро се затвора. Се нанесува на добро измиена и исушена кожа. Овој домашен лосион поседува неверојатни својства за да ја регулира влажноста на кожата и да и го врати сјајот, свежиот изглед и здравиот тен.
