Celebrity

Дуетите на Мајкл Џексон и Фреди Меркјури наскоро!

Дуетите кои пред 20-тина години ги снимиле Фреди Меркјури и Мајкл Џексон ќе бидат објавени дури наредната година.

Гитаристот на групата „Квин“, Брајан Меј открива дека наредната година ќе бидат објавени неколку дуети кои двајцата највлијателни музичари на 20-тиот век ги снимиле уште пред 20 години.

–        Мајкл не посетуваше додека бевме на турнеја низ Америка во 80-тите години, по што тој и Фреди многу се зближија и станаа добри пријатели. Беа толку добри што во куќата на Мајкл снимија неколку песни кои никогаш досега не се објавени, – вели Брајан.

На прашањето кога ќе бидат објавени песните, тој кратко одговорил: „Следната година и за тоа ја имам целосната поддршка на семејството на Мајкл“.

Напиши коментар