Убавина

Дуњата против брчките и испуканите усни

Чудно… но со развојот на глобалното село многу тајни на светските козметички компании полека се разоткриваат. Многумина нагласуваат дека всушност убавината не лежи во козметичките средства, туку во природниот начин на одржување на телото.

Дуњата е овошје на есента, а народната медицина вели дека истата е одлична во борбата против брчките и лекувањето на испуканите усни.

Ситно исечкајте една лажичка семки од дуња, потоа истолчете ги, па прелијте ги со две лажици врела вода и оставете ја смесата да постои десетина минути.

Со вака добиената смеса можете да ги мачкате испуканите усни или деловите од лицето кои се најкритични во однос на брчките. За да ефектот биде поголем, смесата треба да ја користите секојдневно во подолг временски период.

Против брчките ефикасен е и лосионот од дуња. Излупете една дуња и лушпите прелијте ги со три децилитри добра ракија. Потоа оставете ја смесата да постои три недели.

На крај прецедете ја ракијата во шише и херметички затворете. Со овој лосион премачкувајте го лицето два пати дневно.

 

 

Write A Comment