Познатиот пејач Џастин Тимберлејк ќе игра во филмот посветен на американската фолк сцена во 60-тите години, пишува фимската штампа.
Џастин ја добил улогата во новиот филм на браќата Итан и Џоел Коен, а централен лик во филмот ќе биде фолк пејачот Луин Дејвис.
Главната улога му е доверена на Клајв Овен, а улоги добија и Џастин и Кери Малиган, кои ќе бидат фолк музичари во филмот. Браќате Коен за филмов се здружија со продуцентот Скот Рудин, со кој заедно работеа и на филмот „Нема земја за старите“.
Снимањето на филмот „Внатре во Луин Дејвис“ започнува во јануари.
