Celebrity

Џејмс Камерон го украл сценариото за Аватар?!

Режисерот Џејмс Камерон се соочува со тужба од еден поранешен соработник, кој тврди дека тој е творецот на идејата за филмот Аватар и дека Камерон му ја украл.

Љубителот на научната фантастика и поранешен соработник на Камерон,  Ерик Ридер, засега нема дефинирано колкава оштета бара поради неговиот придонес во филмот кој заработи 1,7 милијарди долари.
Ридер тврди дека во 1999 година кога работел со Камерон напишал сценарио под име „KRZ 2068″, кое неверојатн потсетува на аватаровото.Но, во 2002 година целиот проект и неговото сценарио пропаднале, бидејќи никој несакал да сними таков филм, барем не до 2099 година кога се појави Аватар.

Оваа тужба е една од многуте кои се против Аватар, но е прва која доаѓа од некој кој имал врска со продукциската компанија на Камерон.

Write A Comment