По успешната серија „24“ во која Кифер Сатерленд го глумеше Џек Бауер, при крај е снимањето и на филмот „24“ направен според серијата. Дека не е крај на криминалистичката серија, потврди продукцијата на телевизиската куќа Фокс. Според нив, Кифер треба да се врати пред камерите уште во почетокот на 2012 година и да почне да снима нова сезона на оваа хит серија.
Интересно е што Кифер улогата ја добил од ракав. Имено, еден од авторите на серијата изјавил:
– Пред да почнеме со снимање немавме на ум ниеден актер на кој би му ја дале улогата , па направивме голема аудиција. Тогаш на списокот го видовме името Кифер Сатерленд и си рековме „Ова е нашиот Џек Бауер“, па така и бидна.
Целта на Џек во секоја сезона е за време од 24 саати да спречи терористички напад и со тоа да спаси бројни цивили, како и државната служба. Поради работата, некогаш и неговите блиски стануваат мета на терористите. До 2012 година се снимени 8 сезони.
