man fashion

Џемпери – топло и практично

Плетените парчиња облека ги задоволуваат сите потреби кои мораат да бидат исполнети во ладните есенски и зимски денови – топло, удобно и модерно. Имате можност сезонава да избирате помеѓу гломазните XXL џемпери или елегантните модели, со обзир дека и двете се во тренд. Да не ги пропуштиме и задолжителните детали од плетиво – шалови, капи, чорапи, траки, грајачи за уши и ракавици.

Овие џемпери за прв пат се појавуваат во модната индустрија во седумдесетите години, и од тогаш се актуелни на модната сцена, но оваа сезона ги инспирираа и оние дизајнери, кои никогаш до сега ги немаа вклучено во своите комбинации.

Џемперите ќе ги видите во широка палета од бои и дезени кои се секогаш добар избор за тмурните зимски денови.

Write A Comment