Celebrity

Џими Хендрикс – најдобар гитарист на сите времиња!

Со својата уметност Џими Хендрикс засекогаш го задолжи светот. Го дефинираше рокенролот како музички правец, а до ден-денес никој не успеал да го стигне. Не е ни чудно што списанието „Rolling Stones“ го прогласи за најдобар гитарист на сите времиња. Оваа листа е објавена денес, а Џими си ја задржа титулата која му беше доделена во 2003 година.

–   Џими Хендрикс ја изнесе идејата за тоа што претставува рок музиката. Со гитарата едноставно манипулираше, а исто така и во студиото и на сцената. Веднаш по него следи Ерик Клептон, трет на листава е Џини Пејџ, па Кит Ричардс, а петти е Џеф Бек. Оваа листа ја составија врвни светски музички критичари, како и експерти и познати рокери, – велат од списанието.

Напиши коментар