Celebrity

Џон Вејн е распродаден за 5,4 милиони долари!

Работите на славниот актер Џон Вејн се целосно распродадени на дводневната аукција за 5,4 милиони долари, а меѓу понудените предмети имало повеќе од 700 костими, лични негови работи, награди и признанија.

Аукциската куќа „Херитиџ“ соопштила дека на аукцијата во Лос Анџелес, меѓу другото, во продажба биле и последната возачка дозвола на Џон Вејн, неговата футрола и ремен за пиштол од филмот „Елдорадо“, како и превезот за едното око кој Вејн го носеше во филмот „Човекот наречен храброст“ од 1969 година.

Каубојскиот шешир кој Џон Вејн го носеше во филмовите „Великиот Џејк“ и „Каубои“ е продаден дури за 119.000 долари.

Напиши коментар