Celebrity

Џорџ Клуни во борба за улогата на Стив Џобс

Двајца колеги лекари од серијата „Итна служба“, Џорџ Клуни и Ноа Вајл се борат за една иста улога. Двајцата сметаат дека се совршени да го глумат неодамна починатиот шеф на „Епл“, Стив Џобс. Инаку, филмот посветен на животот на Стив Џобс треба да започне да се снима наредната година.

50-годишниот Клуни е поголема ѕвезда и по годините е поблиску до Џобс кој умре од рак на 56-годишна возраст. Сепак, староста може и да му одмогне на амбициозниот Клуни од причина што може да му биде тешко да го одглуми младиот Џобс. Тука предност би имал помладиот Вајл (40), на кој во прилог му иде уште една одиграна улога на Џобс во филмот „Пирати од силиконската долина“ во 1999 година.

Вајл изјавил дека и самиот Џобс бил воодушевен од неговата глума.

–   Изгледа како мене,- рекол Џобс.

Па, ќе видиме, сепак останува на режисерот да одлучи кој ќе биде новиот Стив Џобс.

httpv ://www.youtube.com/watch?v=TIClAanU7Os&f

Write A Comment