Celebrity

Џулија Робертс лоша маќеа

Преку романтичните комедии „Pretty Woman“, „Notting Hill“ „My Best Friend’s Wedding“ и многу други, Џулија Робертс си ја загарантира титулата Кралица на романтичната комедија.

Но, овој пат, 43-годишната актерка запловува во непознати води и ќе ја игра Лошата кралица во филмот „Снежана“ кој моментално се снима. Филмот најверојатно ќе може да се види во март, 2012 година.

Во филмот ќе игра и ќерката на Фил Колинс, Лили (22) која вели дека луѓето не се навикнати на ваквото камено лице на Робертс. Сите ние ја обожаваме по нејзината насмевка.

Инаку Лили ќе ја игра улогата на Снежана.

Еве и неколку слики кои ќе ви го доловат идниот светски хит „Снежана“.

Напиши коментар