Во трејлерот за филмот „Огледалце, огледалце“, оскаровката Џулија Робертс ја навредува Снежана.
Робертс ја игра улогата на злобната кралица во комичната верзија на бајката за „Снежана и седумте џуџиња“, која е во режија на Тарсем Синг.
Покрај Џулија, во филмот играат и Лили Колинс, Арми Хамер, Нејтан Лејн и други.
Дознајте во трејлерот како на кралицата ѝ е преку глава да слуша „кожа бела како снег и коса црна како ноќ“, дали Снежана си ја удрила главата во една гранка додека бегала од злата кралица и како самата кралица ќе ги реши своите финанскиски проблеми.
Премиерата на филмот се очекува да биде нареднава пролет.
httpv://www.youtube.com/watch?v=kpLVO396eHs&
