Зима е… имате помалку активности… се плашите од зголемување на килограмите… !!!!
Џвакањето на мастики по јадењето помага да го зголемите чувството на ситост, па дури и да ја намалите телесната тежина, открија научниците од универзитетот во Сиракуза…
Сите жени знаат дека најдобар начин да ослабат е внимателно да следат што и колку често јадат. Физичките вежби се исто така важни, но кога сте исцрпени од работа и одлучувате да се разгалите со нешто вкусно и калорично, има начин да се топат килограмите. Тимот од научници предводени од професорот Роберт Дојл открија дека џвакањето на мастика по неколку минути после јадењето помага да ја намалите телесната тежина.
Џвакањето го зголемува чувството на ситост, сметаат експертите, според кои, како што мастиките од никотин помагаат да ги прекинете цигарите, така и обичните можат да ја намалат вашата телесна тежина.
