Погледнете го трејлерот за филмот „W.E.“, кој е второ режисерско остварување на кралицата на попот, Мадона.
Мадона која го режираше својот прв филм „Нечистотија и мудрост“ во 2008 година, сега ќе се претстави со две љубовни приказни сместени во две различни времиња. Првата афера е помеѓу кралот Едвард VIII и Волис Симпсон, а втората е помеѓу една мажена жена и еден руски човек кој работи во обезбедување.
„W.E“ беше премиерно прикажан во Венеција во септември, а официјалната премиера ќе биде на 23-ти Октомври во Лондон. Во главните улоги се Еби Корниш, Андреа Рајзборо, Џејмс Д’Орси и Оскар Ајзак.
Еве го и трејлерот:
httpv://www.youtube.com/watch?v=SbSwNUu-iME
