Досега секакви можни и неможни суштества и предмети биле инспирација за анимационото студио „Пиксар“, а првата хероина се вика Мерида.
Анимираниот филм „Brave“ со бестрашната шкотска принцеза, на која гласот ѝ го позајмува Кели МекДоналд, ќе пристигне во светските кина следното лето, а сега „Disney/Pixar“ го објавија првиот официјален трејлер.
Дејството во анимираниот цртан е сместено во мистичните шкотски планини каде непослушната принцеза Мерида им пркоси на светите обичаи на земјата, а тоа донесува раздор во кралството на нејзиниот татко Фергус и нејзината мајка Елинор.
За да ги поправи работите, принцезата тргнува во потрага по екцентричната и стара Мудра Жена.
Трејлерот изгледа вака:
httpv://www.youtube.com/watch?v=TEHWDA_6e3M&
