Објавен е првиот трејлер за филмското режисерско деби на Анџелина Џоли, филм кој е инспириран од војната во БиХ.
Филмот „Во земја на крв и мед“ кој ќе стигне во светските кина на 23-ти Декември, подигна огромна медиумска прашина во регионов, но актерката не се ограничи само на регионов и изјави дека ова е „љубовна приказна која треба да биде достапна и сфатлива за сите“.
Во филмот за недозволената романса на еден Србин и една муслиманка во време на војната во Босна играат Зана Марјановиќ, Бранко Ѓуриќ, Никола Ѓуричко, Раде Шербеџија, Горан Костиќ, Горан Јефтиќ и многу други.
Во земјите од поранешна Југославија филмот треба да се појави на „домашен“ јазик, а за западниот свет ќе биде достапен на англиски јазик.
Еве како изгледа трејлерот:
http://www.youtube.com/watch?v=oRcw17z3sWc