Кога пријателот ќе ви стане поблизок од партнерот.
Емотивното неверство не е неверство во физичка смисла. Многумина сметаат дека емотивната афера не е неверство бидејќи не прават ништо лошо со што би можело да го повреди својот партнер или би влијаело на врската.
Иако физички не сте го изневериле својот партнер, со емотивната афера на еден посебен начин го изневерувате, со што, многу повеќе отколку што сте мислеле, можете да ги повредите неговите чувства и довербата.
Во такви односи луѓето често не влегуваат свесно и планирано. Кога со некоја личност поминувате многу време, а посебно насамо, и кога со таа личност ги споделувате личните проблеми и размислувања, лесно може да се случи емотивна поврзаност. Понекогаш се случува таа личност да ви стане поблиска отколку што е вашиот партнер.
Постои граница меѓу пријателството и емотивната афера. Ако ви се пристори дека пријателот или некоја друга личност ве разбира подобро од вашиот партнер, тогаш сте на лизгав терен. Кога му ги откривате своите желби, мечти и надежи на пријателот, а не на својот партнер, емотивно се зближувате со пријателот, а се оддалечувате од партнерот.
Како да го препознаете ризикот од емотивна афера?
Понекогаш имате потреба да му кажете на пријателот или на друга личност интимни детали за својата врска и да побарате совет. Секоја врска има свои успеси и падови, но откривајќи ги личните проблеми кои се однесуваат само на вас, вашиот партнер и вашата врска на некој друг, тогаш тоа се третира како предавство во однос на довербата на вашиот партнер.
Таинственоста кажува дека правете нешто погрешно, во колку го криете од вашиот партнер пријателството со друга личност. Кога партнерот ве запраша каде сте биле и што сте правеле, се чувствувате загрозено и имате потреба да се бранете па дури и потреба да лажете. Го оставате партнерот да ве чека додека вие го минувате времето со пријателот, ги планирате средбите со него и, дури повеќе се радувате отколку кога треба да се сретнете со партнерот.
Границата е помината ако почувствувате физичка привлечност и почнувате да се прашувате како би ви било кога би го бакнале пријателот, фантазирате за пријателот дури и кога сте со партнерот.
На интернет е лесно да се стапи во таков вид однос со друга личност. Полесно е да му раскажеш интимни и лични работи на некоја непозната личност која можеби никогаш нема ни да ја сретнеш, а посебно ако тој -странец- почнете да го идеализирате . Ако поминувате многу време на chat, ќе посакате тој однос да го продлабочете.
На работа е полесно да се почне однос со друга личност кој може да се претвори во нешто повеќе од пријателство. За време на ручек, на некој деловен проект или на патување поминувате време со некој кому почнувате да му раскажувате за себе. Луѓето обично се уморни кога се враќаат од работа дома и немаат баш многу желба да разговараат со партнерот па полесно им е да се поврзат со некој на работа.
Сте се оддалечиле од партнерот, чувствувате дека тој веќе не ве разбира и некои работи ги чувате само за пријателот, а на партнерот не му ги кажувате.
Одржувате контакт со некогашното момче или девојка. Од бившата врска лесно е повторно да се распламтат интимните чувства.
Ако на партнерот му пречи вашето пријателство со друга личност, би требало да најдете разбирање неговите чувства. Можеби премногу енергија вложувате во односот со пријателот отколку во самата врска со партнерот. Повторно присетете на тоа зошто го сакате својот партнер, и фокусирајте се на него. За разлика од физичкото неверство, емотивната афера остава подлабоки последици на врската и е потребно многу повеќе време да се преболи.
