Celebrity

Ерик Бана во улога на Елвис Присли… Му стои нели?

Австралискиот актер Ерик Бана ќе го игра кралот на рокенролот во филмот „Елвис и Никсон“, пишуваат холивудските медиуми.

Ерик Бана, кој е најпознат по филмовите „Троја“, „Жената на патникот низ времето“ и некои други, ќе го игра Елвис Присли во филмот на режисерот Кери Елвс.

Филмот ја прикажува средбата на пејачот и претседателот на Америка Ричард Никсон во 1970 година. Средбата ја барал лично Елвис и тоа со писмо долго шест страни. Тогаш, Елвис му предложил на Никсон да го назначи за посебен агент на Бирото за наркотици, и на Никсон му ги подарил своите фамилијарни фотографии и пиштол.

Никсон ќе го игра Дени хјустон, а снимањето на филмот започнува кон крајот на оваа година.

Напиши коментар