Celebrity

Ешли Кол ќе глуми! Ама себе си!

Фудбалерот на Челзи ќе се игра самиот себе во документарниот филм за фудбалерите, нивните жени и љубовници…

Ешли Кол, фудбалерот кој праќаше љубовни пораки на други девојки додека беше во брак со британската пејачка Шерил Кол, ќе ја игра главната улога во филмот „Played“.

Во филмот Кол ќе се глуми самиот себе, како и менаџерот на Вест Хем Сем Алардајс и англискиот интернационалец Џо Кол, додека актерот Дени Дајер ќе го игра фудбалскиот агент.

Освен што ја игра главната улога во филмот што ги опишува фудбалерите од Премиер лигата, нивните бракови и врските со нивните љубовници, Кол е еден од продуцентите на документарецот.

Аудицијата за жените и девојките на фудбалероте веќе е почната, а филмот треба да биде готов за во кината дури следната година.

Напиши коментар