← НАЗАД НА БОЗА

Ева Лонгорија сака да стане режисер, така ќе имала контрола над се…

Ева Лонгорија сака да стане режисер, така ќе имала контрола над се…
697 Читања

Ева Лонгорија откри дека е цврсто решена еден ден да се потпише како режисер на некој долгометражен филм.

Очајната домаќинка веќе има запливано во режисерските води кога работеше на краткиот филм „A Proper Send Off“, кој за време на викендот беше прикажан на фестивалот „Glamour Reel Moments“ во Холивуд. Тогаш откри дека е воодушевена од режирањето и дека планира еден ден и сама да режира филм.

–        Режијата ти дава дефинитивно повеќе контрола над финалниот производ. Како актер само се појавувате, треба да бидете убави и да си го кажете текстот. Меѓутоа, кога режирате имате контрола и над монтажата и над музиката, едноставно над целиот производ, – изјавила Ева.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk