Здраво тело

Еве уште една тема за тоа како здрави луѓе да се прогласат за болни, со фармацевтската индустрија, како главен играч…

Проф. Д-р. мед. Walter Hartenbach автор е на доста интригантна книга:

“Die Cholesterin- Lüge, Das Märchen vom bösen Cholesterin”.

Оваа приказна е посветена, според тврдењата на д-р. Hartenbach, на една од најголемите измами во областа на модерната медицина, која е базирана на лажни тврдења за холестерол, тврдења кои произлегуваат од устата на лакомата фармацевтска индустрија.

Авторот оваа теза ја потврдува со скратен приказ на дела на признати американски и европски експерти за холестерол, како и повеќе од стотици лични истражувачки научни трудови на тема холестерол.

Наведени по име фармацевтските компании, според тврдењата на авторот, издвојуваат огромни суми на пари за „играње“ со холестеролот, потоа манипулирање со статистичките податоци и ширење на неточни податоци, отвараат можност за лекарите да голем број на нивните корисници ги направат своите постојани пациенти.

Hartenbach наведува бројки од 50-75 милиони евра според статистиката, кои во просек се издвојуваат за прикрвањата и местењата на сите негативни резултати и последиците од насилното намалување на холестеролот и обидите да биде прогласен одговорен за појавата на срцев инфаркт (факт кој сепак не може да потврди ниту со еден од научните медицински студии).

Hartenbach понатаму наведува конкретни имиња на научни студии во кои се докажува дека статистичките студии не го поминуваат тестот на научната верификација.

Заклучокот на студијата Simvastatin (4-S) во која 4444 луѓе беа тестирани, гласи:

„Покачено ниво на холестерол не влијае на развој на атеросклероза или срцев удар. Намалување на холестеролот не прави никаков смисол и затоа не е наведено.“

Финска мултифакторална студија (повеќе од 2000 испитаници) покажува:

„Три пати повисок процент на срцев удар и една третина повеќе смртни случаи кај пациенти третирани со лекови за намалување на холестеролот отколку во групата не се лекува.“

Хелсиншка кардио Студија I. (1987) со 700 испитаниците покажала:

40% повеќе смртоносни нус-појави поради намалување на холестеролот во однос на  контролната група.

Покрај тоа, тој забележано е зголемување на смртни случаи од рак предизвикано од намалување на холестеролот.

Фрамингамовата студија (4500 луѓе) пак ги покажува неуспешните обиди да докаже корисноста на лекови за намалување на холестеролот.

Спротивно на тоа, студијата забележува значителен пораст во смртните случаи предизвикани од рак со лекови за намалување на холестеролот.

Резултатите од овие научни студии можат да се сведат на неколку исти заклучоци:

1) Холестеролот не влијае на развој на атеросклероза или срцев удар;

2) Високата вредност на холестеролот се поврзува со очекуваниот долг животен век и ниска зачестеност на заболување од ракч и

3) Намалувањето на нивото на холестерол поврзано е со бројни смртни случаи и зачестена појава на малигни заболувања.

Но сепак, ориентациските табели за висината на холестеролот и понатаму се прилагодуваат према фармацевтските финансиските интереси, така што скалата на „нормална“ вредност на холестерол се спушта се пониско и пониско.

КОга ќе се земе во предвид дека просечната вредност за возрасни во светот изнесува 6,5 mmol/l, додека кај 20% од населението таа е од 7,8 mmol/l до 9,1 mmol/l (што е знак на зголемена виталност), со овие вредности поголемиот дел од возрасната популација се прогласени за болни и се упатуваат на лекување.

Она што „тие“ не сакаат да се разбере е дека холестеролот е основната состојка на стероидни хормони, па така и на кортизол, доминантен хормон на стрес.

Со намалување на нивото на холестерол доаѓа до намалување на производството на хормони, а со тоа и до намалување на менталните и физичките способности.

Понатамошни контраиндикации поради намалување на холестеролот можат да бидат импотенција кај машко, неплодност кај жените, проблеми во градењето на мускулниот и скелетниот систем, потоа пореметена рамнотежа на електролитите со смртоносни срцеви и циркулаторниот пореметувања, посебно поради намалување на крвниот шеќер (глукозата) и недостаток на калиум.

Холестеролот учествува во целокупниот процес на размена на материите, во воспоставувањето рамнотежа на протеините, хормоните, електролитите и витамините, како и во ослободување на сте енергетски супстанции.

Не постои ниту една ситуација која може да се оправда со намалување на нивото на холестеролот.

Напротив, секое намалување е опасно, често за жал и смртоносно.

(при тоа истакнувајќи ја литературата: Apfelbaum, Berger, Hartenbach, Holtmeier, Immich, Kaltenbach, Newman, Skrabanek, VVorm, Stehbens).

Своите научни откритија и резултати од истражувањата конечно ги става во документ поднесен до адресите на повеќе од 100 медицински универзитетски институции, политичари и медиумите.

Write A Comment