Здраво тело

Факти за настинката кои мора да ги знаете

Кивање, носот тече…можеби знаете дека е настинка. Еве неколку работи кои

можеби не сте ги знаеле за обичната настинка.

 

Потребни се околу 48 часа од инфекција до разболување

Ако не се чувствувате добро, помислете каде сте биле пред 48 часа. Имате добри шанси да откриете дали сте фатиле настинка или грип, но настинката не предизвикува треска и покачена температура.

Најдобар лек за настинката се потењето

Можеби имате резерва од различни лекови, но најдобар начин за да се излечите од настинка е добро да се испотите – и тоа со квалитетно вежбање или трчање.

Седење до касно може да придонесе за настинка

Колку спиевте синоќа? Ако е помалку од седум часа, имате три пати поголеми шанси да се настинете.

Само голема чаша природен сок не е лек за настинка

Кога ги чувствувате првите симптоми на настинка, прво што ви текнува е да внесете многу витамин Ц. Но кај околу 60% од луѓето, витаминот Ц не прави ништо за да ја победи настинката. Но сепак, витаминот Ц е неопходен за организмот, па дневната доза треба да ви биде најмалку 200 милиграми.

Цвеќе кое може да ви помогне

Ехинацеата има неверојатни розови цветови, но исто така има и исцелителна моќ. Достапна е како таблети или чаеви, но секако, употребувајте ја внимателно.

Настинка која може да ве здебели

Истражувања покажале дека луѓето кои се заразени со аденовирус 36, чест предизвикувач на настинка, се посклони кон дебелеење. Но не сите вируси го имаат истиот ефект.

Топлите пијалаци помагаат за лечење на настинката

Мајките се во право – топло чајче или топла супа се вистински еликсири кога станува збор за лечена на настинката. Брзински лек: растителен чај (мајчина душичка, планински чај, невен, липа, нане), неколку капки лимонов сок и лажичка мед.

Состојка во млекото која може да ви помогне

Новороденчињата се заштитени единствено преку имуниот систем на мајката, преку млекото. Млекото има неверојатни лековити ефекти врз организмот, не само новородениот туку и возрасниот.

Просечен човек се настинува 200 пати во текот на животот

Според процените, до возраст од 75 години човек се заразува со настинка околу 200 пати – 2 години поминати во кивање и растечен нос. Децата почесто се настинуваат, а додека повозрасните веќе имаат створено отпорност кон некои чести видови на вируси.

Настинките и не се толку заразни

Слушаме како преку ракување можеме да фатиме настинка. Епа не е толку лесно. Кога здрав човек е ставен во соба со настинат човек, тешко е да се прошири заразата од болниот на здравиот. Заразите се пренесуваат кога се стапува во подолг и поблизок контакт со болниот, родителите се заразуваат од децата. Значи, нема потреба да се носи маска во јавноста, употребете го здравиот разум.

Write A Comment