← НАЗАД НА БОЗА

Фановите ја урнаа сцената за настапот на “Металика” во Индија

Фановите ја урнаа сцената за настапот на “Металика” во Индија
931 Читања

Обожавателите на американската метал група „Металика“ побеснеле кога во петокот се откажал концертот што требало да се одржи во индискиот град Гурагон, па направиле неред на сцената. Ова требало да биде прв концерт на групата во Индија.

Пред да почне концертот, некои од најзагреаните фанови ги пробиле сигурносните барикади пред бината и поради тоа било одлучено концертот да се одложи за наредниот ден.

Некои од најбесните металци се качиле на бината и уништиле некои инструменти и делови од озвучувањето кои биле веќе поставени за настап. Откако се соопштило дека концертот ќе се одржи во сабота, околу 25.000 луѓе дошле од цела Индија и останале разочарани. Концертот не се одржал ни во саботата, поради немање дозвола на промотерската куќа „DNA networks“, па морала да ги враќа парите за картите.

Да бидат работите уште полоши, четворица локални организатори биле уапсени поради измама, бидејќи продале повеќе карти отколку што можел да собере објектот каде требало да се одржи настанот.

Инаку, настапот на „Металика“ бил дел од серијата концети во Индија по повод трката на „Формула 1“.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk