Филмот „Мојата недела со Мерлин“ во кој главната улога ја има Мишел Вилијамс ќе можеда се погледне премиерно уште утре по светските кина.
Филмот зборува за престојот на Мерлин Монро во Велика Британија во 1956 година. Инаку, филмот е заснован на сеќавањата на асистентот при снимањето, Колин Кларк кој водел дневник додека се снимал филмот „Принцот и танчерката“. Во тој филм партнер на Мерлин бил актерот Лоренс Оливие.
Во тој период Мерлин била и на меден месец со драмскиот писател Артур Милер. Ликот на Оливие го игра Кенет Брана, а филмот е во режија на британецот Сајмон Кертис. Мишел пред година дена изјавила дека е престрашена од улогата која треба да ја одигра, но и дека на почетокот ја одбила понудата на режисерот.
– Знаев дека нема да можам да одолеам. Физички и гласовно целосно сме различни, – изјавила.
Засега, тие што го погледнале филмот имаат само позитивни критики.
Погледнете го трејлерот:
httpv://www.youtube.com/watch?v=1-b48Aj8zkg&
