Celebrity

Филмови со најглупави наслови

Списанието „TotalFilm“ направи листа на филмови кои ја имаат таа несреќа да ја понесат титулата „најглупави наслови на сите времиња“.

На прво место се наоѓа хорор филмот „Ѕѕѕѕѕѕѕ“ од 1973 година.

Филмот зборува за студентот Дејвид кој добива работа како асистент во лабораторијата на докторот Стонер, во која се вршат експерименти на змии, но и на Дејвид…

Веднаш по овој хорор следи филмот со наслов „Eegah“ од 1962 година во кој се работи за еден тинејџер кој наидува на пештерски човек. На трето место на листата се наоѓа филмот од 1966 година со наслов „Не се грижи, ќе смислиме наслов“.

Подолу на листата се наоѓаат филмовите „Phfffft“ од 1954 година, „Lucku number Slevin“ со Брус Вилис и Џош Харнет и еден филм со Џејмс Бонд наречен „Зрно утеха“.

Листата е многу долга и ги содржи и филмовите: „То“ снимен по романот на Стивен Кинг, потоа „Не кажувај ѝ на мама дека бебиситерката е мртва“, „Сеуште знам што правевте минатото лето“ итн.

Еве го трејлерот за најдобриот меѓу најлошите:

Напиши коментар