Убавина

Фитнес совети од супермоделот Ел Макферсон – „Телото“

Супермодел и супер бизнис дама во супер фитнес форма. Таа се придржува кон неколку железни правила кои не само што ја прават да се чувствува добро туку и помагаат да има секогаш добра форма. На прво место е сонот. Сонот е идеален детоксикатор за организмот и не полни со енергија и нови сили за следниот ден.

„Водата е многу важна за мене, секој ден пијам по 6 шишиња вода од по 500 мл.“ е вториот важен совет од Ел Мекферсон. Во однос на храната претпочита био храна без конзерванси и шеќер, без сол и вештачки бои и многу овошје и зеленчук.

„Кога бев помлада и имав повеќе време трчав по 10 км или одев на фитнес секој ден. Со годините разбрав дека редовните интензивни тренинзи не се најдоброто за моето тело. Сега претпочитам пилатес и јога. “ вели таа.

Според неа фитнесот не е единствениот начин за перфектно тело. Но ако сепак сте љубител на традиционалните фитнес методи, секогаш можете да ја погледнете серијата од видеа со фитнес вежби на Ел Мекферсон “Your Personal Best – The Body”.

Write A Comment