Убавина

Фитнес за усни

Кој вели дека вежбањето е само за телото? Дури и на вашите усни им е потребна акција. Погледнете што препорачуваат стручните лица…

За љубењето веќе знаеме дека има предности за нашето здравјето, сега ви прикажуваме вежби за усните кои можеби нема да ви дадат усни како на Анџелина Џоли, но во секој случај навистина ќе ви ги направат пополни

– Без да ја отворите устата, насмевнете се најшироко што можете и почнете да броите(полека) до 15, пред да ја вратите во првобитната состојба, па напрчете ја устата како за бакнеж. Ова повторете го 10 пати.

– Стиснете ги усните, така стиснати подигнете ги накај носот, најмногу што можете. Задржете ја положбата додека да изброите до 5. Релаксирајте се и повторете го ова 10 пати.

– Напрчете ги усните како да бакнувате и задржете ја позицијата некое време. Релаксирајте се, потоа вшмукајте ги усните навнатре, да бидат помеѓу забите. Задржете и избројте до 10, поновете ја вежбата 10 пати.

– Истегнете ги усните и дувнете нагло, како да дувате за да угаснете свеќа. Нежно отпуштете ги усните и повторете го ова 5 пати.

– Земете длабоко воздух и напумпајте ги образите. Затворете ја устата и постепено испуштајте воздух под притисок, на два до три пати.

– Отворете ја устата и истегнете ги усните нанапред. Цврсто затворете ги усните и релаксирајте ги мускулите на лицето. Со затворена уста, движете ги усните десно и лево. Потоа, направите мала „осмица“ со усните. Ова поновете го 5 пати.

– Затворете ги усните и „завијте ја“ долната усна(растегната преку брадата). Отворете ја устата широко, движете ја вилицата горе – доле, со тоа што долната усна останува растегната преку брадата. Правете ја оваа вежба од 10 до 15 минути дневно.

– Нежно стиснете ја вашата уста, потоа вовлечете ги краевите на устата навнатре, што повеќе можете користејќи ги мускулите на лицето. Задржете ги усните во таа положба додека да изброите до 5, потоа релаксирајте се. Повторете 5 пати.

– Притиснете ја устата преку забите, како да се воздржувате да вриснете. Користејќи го вашиот показалец, подигнете ги краевите на усните како кога би се насмеале. Задржете ја оваа позиција 5 секунди. Релаксирајте се и поновете го ова 10 пати.

Write A Comment